-->
-->
ОН: Можно е решение со новите преговори за Кипар
-->

Новите преговори за обединувањето на Кипар, што започнуваат утре во Женева, се „уникатна можност" за изнаоѓање решение, изјави специјалниот пратеник на Обединетите Нации за Кипар, Еспен Барт Ејде на прес-конференција во Женева.
- Претстојат долги денови и тешка работа без гаранција за успех, но ова е уникатна можност и решение е можно, истакна тој пред своето заминување за Кран Монтана, каде што ќе се водат преговорите.
Кипарскиот претседател Никос Анастасијадис и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи утре почнуваат нова рунда преговори по неуспехот на претходната која се одржа во јануари.
Разговорите под покровителство на ОН се очекува да траат десетина дена, а целта е да биде изнајдено конечно решение за поделениот остров.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пратениците да се консултираат со уставни експерти пред да се носат измените за укинување на двојното државјанство
-

Предлогот за укинување на техничката влада помина на Собраниска комисија, Филипче со ултиматум до власта
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
