Можен прекин на снабдувањето со гас за Европа преку Северен тек
Гасоводот Северен тек 1, кој испорачува гас од Русија преку Балтичкото Море до Европа, би можел да биде суспендиран поради проблеми со поправка на неговите турбини во Канада, изјави денеска за РИА Новости рускиот амбасадор во Европската унија.
„Газпром“ завчера соопшти дека ги ограничил испораките преку Германија на 100 милиони кубни метри дневно, наведувајќи го како причина доцнењето во враќањето на опремата испратена на поправка.
Единицата за компресор за гас не била навреме вратена од поправка. Како резултат на тоа, сега може да се испумпува само до 100 милиони кубни метри гас преку гасоводот секој ден, или околу 60 проценти од претходно планираниот дневен волумен од 167 милиони кубни метри гас, соопшти компанијата.
Низ Европа расте загриженоста откако Русија го прекина снабдувањето со гас за неколку земји кои се спротивставија на нејзината инвазија врз Украина. Европа во голема мера се потпира на рускиот гас и се бори да најде алтернативни извори. Сепак, многу земји сè уште купуваат руски гас, што помага да се одржи руската економија, пренесе ДПА.
За Германија, „Северен тек 1“ е главниот цевковод за снабдување со руски гас. Гасот веќе престана да се испумпува низ гасоводот Јамал-Европа. Значително е намален и транзитот на руски гас низ Украина.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-

Институциите не кажуваат каде е судијата Ристов, кај кого најдоа 350.000 евра сокриени во ѕид
-

МВР ќе врши калибрација и тестирање на камерите на Сејф сити од утре до крајот на месецот
-

Филипче не гледа напредок кон ЕУ – Владата не ја разбира политиката на опозицијата
-

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид
-

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје, двајца завршија во болница поради премрзнување
-

Масовно одбележување на Водици низ Македонија
-

Во осветените води на Плетварското Езеро кај Прилеп по 6-ти пат се одбележа празникот Богојавление или Водици
