МОТО ГП: Започнува новата сезона
Со првите тренинзи на патеката Алгарве во Портимао, Португалија, овој петок започнува новата MotoGP сезона, радикално различна од сите претходни.Повеќе земји, рекордниот број на трки и долгоочекуваниот спринт гарантираат дека 2023 година ќе биде најдобра во историјата на „кралската“ класа.
Не помалку од 13 светски шампиони ќе учествуваат во сезоната што ветува дека ќе биде повозбудлива од кога било.
Сето тоа треба да ја надополни веќе традиционално драматичната борба за титулата што ја гледавме во претходните сезони.
Не помалку од 13 светски шампиони ќе учествуваат во сезоната што ветува дека ќе биде повозбудлива од кога било.
Сето тоа треба да ја надополни веќе традиционално драматичната борба за титулата што ја гледавме во претходните сезони.
Под најголем притисок ќе биде актуелниот шампион Франческо Бања на Дукати.
Негови главни ривали ќе бидат Фабио Квартаро од Јамаха, Алес Еспаргаро од Априлија и тимскиот колега Енеа Бастианини.
Сепак, приказната не завршува само со овие четири имиња.
Сите едвај чекаме да го видиме осумкратниот шампион Марк Маркез во полна сила на Хонда.
По четири операции во претходните три години, бројот 93 се враќа во полн сјај.
Нема сомнеж дека има само еден мотив, да ја освои деветата светска шампионска титула.
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак