Мостар го дочекува маратонецот кој ќе урива Гинисов рекорд

Горан Николиќ (1967) од Крагуевац подготвен е да го постави новиот Гинисов светски рекорд во трчање, а ќе трча 55 маратони (42,195 км) за 55 дена во континуитет (сегашниот Гинисов светски рекорд е 53 маратони за 53 дена).
Горан, согласно неговата цел, на 3 септември тргна од Крагуевац и на 49-та рута маратон ќе ја трча на 21 октомври на релација Ресторан „Ковачевиќ“ Долна Јабланица - Мостар.
Горан делумно е слеп и гледа само пет отсто на едното око.
На овој начин, како што соопшти, сака да анимира добронамерните луѓе да се соберат средства кои ќе се вложат за набавка на спортска опрема и реквизити за лицата со инвалидитет кои ќе се стават на располагање на корисниците во „Искра“ - Регионален центар за спорт и рехабилитација на лица со инвалидитет, кој неодамна е отворен во Крагуевац.
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
