Москва загрижена од новите германски безбедносни анализи
Официјална Москва изрази загрижена во врска со новите безбедносни препораки на Берлин, за кои оцени дека може да доведат до конфроннтација со Русија.
Весникот „Велт“ пренесува изјава на портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песхов, кој вели дека доколку инфорациите за новото издание на „Белата книга“ за германските безбедносни предизвици се точни, оваа позиција на Германија може да доведе до жалење, загриженост и судир.
- Тоа може да предизвика жалење и затоа што ако е точно тогаш се работи за очигледно недоразбирање за позициите на Русија, кои што се добро познати и конзистентни. Руските позции имаат за цел создавање на атмосфера на интеракција и взаемна соработка на европскоот континент, а не на конфронтација, изјави Песхов, дидавајќи дека германските позиции можат да предизвикаат загриженост затоа што се базирани на погрешно разбирање и можеби на погрешни информации.
Според Песхов, ваквиот став може да доведе до конфронтирачки акции кои нема да придонсат на било каков начин за односи на взаемна доверба и меѓусебна соработка.
Истовремено, претседателот на комитетот за надворешна политика при рускиот Парламент, Алексеј Пушков преку својот профил на Твитер порача дека германските позиции се спроведување на обврските кон САД. а не за реална состојба на работите меѓу двете земји.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, во новото издание на „Белата книга“ која дава препораки за германската безбедносна политика, Русија, заедно со миграцијата, меѓународниот тероризам и климатските промени, се наведува како една од главните заканите за националната безбедност на Германија.
- Русија е подготвена да ги заштити своите интереси со насилни средства како што тоа се случи во Крим и источна Украина и да ги менува границите гарантирани со меѓународното право, се вели во документот подготвен од германските безбедносни експерти, кој треба да биде објавен по референдумот во Велика Британија.
Според авторите на документот, кој се изготвува на секои 10 години, Русија не се согласува со светскиот поредок воспоставен по „Студената војна“ и „ги заматува лините меѓу војната и мирот“.
Ново на Сител
-
Јанев: Полицијата е првата линија на одбрана на сообраќајната култура
-
За 5.1 проценти зголемен прометот во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво
-
Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Неапол и околината
-
Лани евидентирани 757 дивоградби, речиси сите се во приватна сопственост
-
Конзулатот е во комуникација со семејството на починатото девојче во Италија, велат од МНР
-
Во Милан очекуваат ветеранот Лука Модриќ да има лидерска улога во тимот
-
Николоски: Планина поместивме да го изгрaдиме експресниот пат од Фариш до Дреново
-
Сар: Израел е заинтересиран за воспоставување дипломатски односи со Сирија и Либан