Москва ја пофали декларацијата на Г20 која не ја критикува руската војна во Украина

Русија ја пофали декларацијата на Групата 20 најголеми економии, која директно не ја критикуваше Москва за нејзината агресија врз Украина и рече дека лидерите на самитот во Њу Делхи дејствувале во интерес на решавање на конфликтот, пренесува Ројтерс.
Учесниците на Г-20 вчера во Њу Делхи усвоија декларација со консензус, во која не се споменува осуда на Русија за војната, но се повикуваат сите земји да не користат сила за да окупираат територија
„Се се одрази во избалансирана форма. Сите членки на Г-20 се согласија да дејствуваат како едно во интерес на мирот, безбедноста и решавањето на конфликтите ширум светот“, изјави Светлана Лукаш, руски претставник во Г20, цитирана од руската новинска агенција Интерфакс.
Во неколку недели пред самитот овој викенд, земјите од Г-20 имаа проблем да најдат консензус формулацијата на војната.
Официјален претставник на Европската унија, кој сакаше да остане анонимен, изјави денеска за Ројтерс дека преговорите за декларацијата на лидерите на Г-20 траеле до последен момент и дека украинската војна е најспорното прашање за да се постигне консензус.
Официјалниот претставник го пофали силното водство на Индија, додавајќи дека Бразил и Јужна Африка исто така одиграле клучна улога во преговорите.
Украинското Министерство за надворешни работи во саботата соопшти дека заедничката декларација на Г-20 не е „нешто со кое треба да се гордееме“ и критикуваше дека во неа не се споменува нападот на Русија врз Украина.
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
