Москва: ИД се кријат во џамии и користат луѓе како жив штит

Припадници на Исламска држава се кријат во џамии, а локални жители користат како жив штит бидејќи знаат дека руски борбени авиони не би пукале врз цивилни области, соопштија од руското МО.
- Припадници на ИД се кријат во џамии, а свои возила паркираат околу нив. Тие знаат дека почитуваме џамии и никогаш не би нападнале цивилни области, изјави Анатолиј Антонов, заменик министер за одбрана. Тој додаде дека руската армија внимателно проверува разузнавачки податоци пред да изврши напади.
- Стотина пати проверуваме разузнавачки податоци, и извршуваме удари откако целосно ќе бидеме сигурни, изјави Антонов.
- Денес имаме податоци дека терористи се кријат во џамии. Имаме и видео податоци дека терористи ја кријат својата техника околу џамии, наведе тој синоќа по средбата со воени аташеа од неколку држави.
Ново на Сител
-

Парламентарни избори во Ерменија
-

Николоски ќе изврши увид во реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродром
-

Топло време со температури до 34 степени, попладне можно краткотрајно невреме
-

Осум лица лишени од слобода поради дрога во Скопје, Тетово и Битола
-

43-годишник од с.Шишево пукал во соселанец и го ранил во пределот на главата
-

НАТО разгледува нова воено-финансиска помош за Украина од 70 милијарди евра
-

Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме со реформите и да испорачуваме врз основа на заслуги
-

Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
