Москва и Дамаск: САД подготвуваат провокација во Сирија

Русија ги обвини САД дека подготвуваат провокација во Сирија, за која подоцна ќе биде обвинета Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад дека употребил хемиско оружје.
Потпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова истакна дека Москва добила информации оти сириските бунтовници веќе изработиле лажен видео материјал со кој ќе се обвини режимот во Дамас за хемиски напад.
Сличен став денеска изнесе сириското Министерство за надворешни работи во кој се наведува дека САД од Дамаск побараа да не извршува нов напад со хемиско оружје со цел да оправда нов напад врз Сирија.
Американската администрација претходно соопшти дека Асад подготвува нов напад со хемиско оружје и предупреди дека тој ќе „плати висока цена“ ако го стори тоа.
САД во април извршија воздушен напад врз сириска воена база, која според нив и била користена за хемиски напад.
Русија тогаш тврдеше дека жртвите починале од отровните материјали распространети во воздухот откако сириски воени авиони нападнаа магацин на бунтовниците за хемиско оружје.
Ново на Сител
-

Приведен насилник од скопско, физички ја нападнал малолетната ќерка
-

Состојбата со нафтата е стабилна и се следи, нема потреба од создавање паника - уверува министерката Димитриеска-Кочоска
-

Алиу: На уште три компании за одгледување марухуана ќе им се одземат лиценците, а уште една се анализира
-

18 годишник по расправија со нож тешко повредил сограѓанин во Тетово
-

Во тешка сообраќајна несреќа загина возач кај Демирхисарско
-

Приведен разбојник од Куманово, осуден на казна затвор од пет години
-

Анкета на Клиниката за психијатрија: Над 40 отсто од испитаниците се соочуваат со проблеми во спиењето
-

Претрес во Неготино, пронајдена дрога
