Москва: Ефикасноста на вакцината „Спутник V“ е 92 отсто
Ефикасноста на вакцината „Спутник V“ против новиот коронавирус, што е во третата фаза на испитување во Русија, изнесува 92 отсто, соопшти денеска Рускиот фонд за директни инвестиции.
Во соопштението на Твитер се наведува дека пресметките се засновани на дистрибуцијата на 20 потврдени сличаи забележани во контролната, плацебо група и во групата што ја примила вакцината.
Исто така се додава дека ефикасноста е докажана врз основа на првите привремени анализи на податоците од 21 ден откако доброволци ја примија вакцината.
Во текот на третата фаза на испитување учествуваа од 20.000 до 40.000 добровилци во 29 медицински институции, а во првата и втората фаза учествуваа 16.000 луѓе. Не се забележани непредвидливи несакани ефекти кај вакцинираните лица, само краткотрајни ефекти – синдром сличен на грип,вклучително изголемена телесна температура, слабост, замор и главоболка.
Клинички испитувања на вакцината „Спутник V“ се извршуваат и во Белорусија, Обединети Арапски Емирати, Индија и во Бразил.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста