Москва: Авион на НАТО следеше руски авиони

Три руски воени авиони, два ловци МиГ-31 и еден Ан-26 беа следени од НАТО авион ловец Ф-18, додека летале над меѓународните територијални води над Балтичко Море, соопшти руското Министерство за одбрана.
- Додека руските авиони летаа над неутрални територијални води над Балтичко Море, ловец на НАТО Ф-18 им се приближи на руските авиони и ги следеше на безбедна дистанца околу една минута. Подоцна го смени курсот и одлета во правец на воздушниот простор на една балтичка држава, соопшти руското Министерство за одбрана.
Додека НАТО соопшти дека шпански авиони и фински воени авиони пресретнале три руски авиони кои летале во близина на воздушниот простор над Естонија.
- Руските летала се идентификувани како два авиони МиГ-31 и еден транспортен авион Ан-26, се посочува во соопштението на Северноатлантската алијанса.
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
