Москва: Американска агресија на Сирија ќе доведе до „тектонски промени“

Еветуална американска „дирекна агресија“ врз Сирија, насочена против сириската Влада и нејзините вооружени сили, ќе доведе до „ужасни тектонски промени“ на Блискиот Исток, изјави денеска портпаролката на руското Министертво за надворешни работи, Марија Захарова.
По пропаѓањето на примирјето кои беше проглесено врз основа на договорот меѓу Русија и САД, Москва и Вашингтон почнаа да се обвинуваар меѓусебно за поттикнување на конфликтот во земјата.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека Москва не исклучува можност САД да имале намера да користат терористи како дел од т.н. План-Б, во борбата против сирискиот претседател Башар Асад
- Русија гледа дека САД од почетокот не сакаат да ги оддвојат терористите од Фронтот Ал Нусра од умерената опозиција, изјави Лавров во интервју за Би-Би-Си.
На ова САД возвратија дека Русија се уште не ги презела неопходните чекори за прекин на насилството во Алепо, кои Вашингтон ги очекува од неа.
- Ние не ги замрзнавме дипломатските односи со Русија во врска со парашањето за Сирија, но сме близу до таква одлука, бидејќи засега не гледаме дека руската страна ги презема активностие кои ние ги побаравме, изјави портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер.
Вашингтон уште ја обвини Русија и дека со интензивирањето на нејзините воени операции во Сирија ги тера „умерените исламисти во рацете на милитантните екстремисти“.
Ново на Сител
-

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите
-

Министрите за енергетика на Г7 ја одложија одлуката за ослободување на стратешките резерви
-

Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица
-

ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото
-

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
-

Ненад Савески предложен за нов државен јавен обвинител
