Московската полиција уапси 500 лица за време на опозицискиот протест

Повеќе од 500 лица се уапсени за време на денешниот протест во Москва, наведуваат активисти за човекови права, пренсе ДПА.
Според московската полиција, околу 3,500 руски активисти и опозиционери протестираа пред канцеларијата на московскиот градоначалник откако неколкумина опозициски кандидати на контроверзен начин не се најдоа на гласачкото ливче за изборите што следат за Градскиот совет, додава агенцијата.

Може да се види како полицијата апси многу луѓе и ги става во полициски возила пред зградата на градското собрание, јавуваат активистите.
Полицијата претходно предупреди дека ќе казнува за протестот, што не беше одобрен од градските власти.
Полицијата наведе дека „ќе ги преземе сите неопходни мерки“ за да „ го спречи секое нарушување на јавниот ред“, наведе државната агенција Тасс.
За време на протестот полицијата го затвори пристапот до Градската куќа за автомобили и автобуси и на многу демонстранти им бараше лични документи, додава ДПА
Еден од демонстрантите, кој анонимно зборуваше за ДПА, кажа дека тие легално се таму, но дека политичарите ги кршат нивните права.
Демонстрантите протестираат што независните кандидати не добија дозвола да се најдат на гласачкото ливче за изборите закажани за 8 септември. Вкупно 57 кандидати беа одбиени да се најдат на гласачкото ливче, вклучувајќи го и проминентниот критичар на владата Илја Јашин.
Ново на Сител
-

Мистериозна бела пена во Вардар: Дрон и инспектори во потрага по загадувачот
-

Тема на денот со Марија Андоновска директорка на Институтот за јавно здравје
-

Комисија за заразни болести - по црвените инфекции може да се појави и жолтица во Гостивар
-

АХВ ја укина забраната, водата во Валандово е повторно безбедна за пиење
-

Пет години за спас на Охридскиот регион - УНЕСКО го одложи впишувањето на листата во опасност
-

Рокас: Се водат разговори зад затворени врати, но Македонија мора да го промени Уставот
-

Велковски уверува: Парите во вториот пензиски фонд се гарантирани и со Закон и со Устав
-

Мицкоски ја заокружи реконструкцијата - Зејнула избран за нов министер без ресор
