Морбидно: Соседот го избодел со вила среде жолчна расправија

Р.М. (29) од Башаид крај Кикинда уапсен е под сомневање дека на локалната улица со вила нападнал еден мештанин и притоа му нанел тешка телесна повреда.
Тој се товари дека на 1. април годинава, по кавга меѓу неколку лица, со вила му задал удар на соседот и го повредил.
До ковга дошло меѓу две семејства што живеат во Башаид. Обвинетото момче со семејството дошло до оштетениот, па почнале многу да се расправаат семејствата, па во еден момент несреќниот човек бил два пати удрен по глава, а потоа Р.М. кој со себе имал вила неколку пати го удрил во раката.
По ранувањето тој е пренесен на лекување, а на осомничениот му е одреден притвор од 48 часа.
29-годишното момче од Башаид од порано и е познат на полицијата поради сторени кривични дела нанесување тешки телесни повреди.
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
