Моравјецки: Прекинот на испораката на гас е одмазда и уцена
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска остро реагираше на ненадејниот прекин на испораките на гас за неговата земја и постапката на руските власти ја окарактеризира како одмазда за новите санкции што Полска ги воведе против Русија.
Полските санкции беа соопштени вчера и се насочени против 50 руски олигарси и компании, вклучително и Гаспром, а набргу по објавувањето, полските власти добија известување дека Гаспром ќе ја прекине испораката за Полска бидејќи земјата не ги исполнила новите барања за плаќање гасот на руски рубљи.
Во своето обраќање пред полскиот парламент, Моравјецки вети дека Полска „нема да се уплаши“ од прекинот на гасот.
Моравјецки додаде дека потребите на Полска се задоволени, благодарение на долгорочните напори насочени кон обезбедување гас од други земји и оти „руската гасна уцена“ нема да има ефект врз неговата земја.
Рускиот гас сочинуваше околу 45 отсто од вкупната потрошувачка на гас во Полска до прекинот на снабдувањето, но Полска многу повеќе се потпира на јаглен кога станува збор за греење на домовите и нафтената индустрија, а гасот сочинува само девет отсто од вкупните енергетски резерви на земјата.
Ново на Сител
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
