Македонија
27. November 2022 - 19:56

Морачанин доби нов мандат, ДОМ продолжува со иста политика

ДОМ ја реизбра Маја Морачанин за претседателка на партијата. Петтиот конгрес беше заокружен со потврда на досегашната политика и програма – партијата останува дел од владиното мнозинство каде ќе се залага за заштита на животната средина и трансформација кон обновливи извори на енергија.

Иако дел од владината колација, ДОМ не се запознаени со преговорите кои премиерот Ковачевски ги води за зголемување на мнозинството и влез на Алијанса. Партијата го дели истиот став со власта дека сега не е време за избори.

Како единствен пратеник на ДОМ во Собранието, Морачанин вели дека и натаму одблиску ќе ги следат политиките кои ги спроведува власта и ќе дадат поддршка на сите чекори кои ќе значат европска интеграција на земјата