„Монструм“: Загрозениот сведок видел четири тела на Смилковското езеро
Во денешното веќе едночасовно сослушување на загрозениот сведок од предметот „Монструм “, тој децидно кажа дека на 12 април 2012 година кај Смиљковското Езеро видел четири тела.
Одбраната се обидува со повеќе прашања да ја собори веродостојноста на исказот на загрозениот сведок. Имено, претходно адвокатот Алмир Алиспахиќ се обиде да ја провери и оспори меморијата на загрозениот сведок прашувајќи го како на претходното рочиште биле облечени тој и неговиот колега Насер Рауфи. Загрозениот сведок, кој исказот го дава од друга просторија со мутиран глас и засенчена слика, точно кажа како биле облечени адвокатите и обвинетите, за кои уште кажа дека ги препознал, дека биле на езерото непосредно пред да се случат убиствата.
Воедно тој појасни дека кај Смилковско езеро тој кобен 12 април, освен „голф 3“ видел уште две патнички возила, едно со сина боја, а второто со бела. „Голф-от 3“, со затемнети стакла, го гледал претходните четири дена, од 9 до 12 април, на различни локациии.
Минатото рочиште, што се оддржа на 22 август, беше прекинато поради замор на заштитениот сведок. Тој тогаш, како присутни во последните денови пред 12 април 2012 година, ги препозна присутните обвинети во судницата Фејзи Азири, Агим Исмаиловиќ и Сами Љута. Во судницата беше и Хаки Азири, обвинет дека по свирепото убиство обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ ги одвезол до косовската граница. Оттогаш двајцата се наоѓаат во бегство, а денеска се дозна дека Министерството за правда за нив ја почнало постапката за екстрадиција, за што со писмо бил известен судијата Огнен Ставрев.
На 12 април 2012 кај скопското Смиљковско Езеро беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Тричковски (на возраст од 18 до 21 година), сите од Радишани, Скопје, и 45-годишниот рибар Борче Стевковски од Црешево.
Ново на Сител
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија
