МОН: Почнати се активностите за нов објект за ПОУ „Св. Климент Охридски“ во Визбегово
Изградбата на нов објект за потребите на подрачното основно училиште „Св. Климент Охридски“ во населбата Визбегово е предвидена во планот за јавни набавки на Министерството за образование и наука за 2017 година, соопшти МОН реагирајќи на прес-конференцијата на Николина Нолевска, советник од СДСМ во Советот на општина Бутел, која денеска обвини дека не е реалиизрано ветувањето за нова училишна зграда.
МОН смета дека изјавата на советничката од СДСМ е обид за печалење ситни политички поени и дека Нолевска во однос на ова прашање треба да биде подобро информирана.
Министерството соопшти дека веќе се почнати активностите, изготвен е основен проект за новиот објект, а на 31 јануари 2017 била објавена и јавна постапка за избор на компанија за надзор на градежни активности која, посочува МОН, секој може да ја види на системот на Бирото за јавни набавки. Јавното отворање на понудите ќе биде на 13 февруари 2017.
- Во многу скоро време, практично по добивањето позитивно мислење од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, ќе биде објавена и постапката за избор на компанија која ќе го изгради овој објект, наведува МОН.
Ново на Сител
-
Крушевчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-
Иран вели дека го задржува правото на каков било одговор на „скандалозните“ американски напади
-
АХВ: Не издаваме никакви HACCP дозволи, туку само ја контролираме работата на операторите со храна
-
Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир
-
Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо
-
Сончево со температура до 34 степени
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава