Живот
13. March 2017 - 9:38

Момче се обиде да украде банкомат со багер, еве како заврши

Дваесет и петгодишно момче од Алјаска е уапсено по обид за кражба на банкомат со - багер, јави Еј-Би-Си Њуз.

Локалното Обвинителство во Анкориџ, најголемиот град во оваа американска сојузна држава, покрена обвинение против сторителот.

Федералните служби се уште ги истражуваат случаите со кражби на банкомати во тој реон од 25 декември досега. Сите тие били однесени со помош на тешка механизација.