Балкан
11. July 2022 - 10:29

Момче исчезна во Јонско Море на Лефкада

По вчерашниот немил настан кој ја потресе Македонија за трите исчезнати момчиња во водите на Халкидики осамна уште една објава дека е исчезнато момче на плажата Милос на Лефкада.

„Тажен залез на сонцето на Милос плажата…Во водата исчезна момче од околу 25 години, просто само исчезна, а брановите воопшто не беа големи. Како да го проголта морето, потрагата на плажата траеше цело попладне заедно со полицијата и нуркачка спасувачка служба, но на крајот на денот ништо…ако некој има информации нека напише, п.с. струјата беше малку посилна отколку претходните денови“ – пишува во објавата на Фејсбук групата Грчка Инфо.