Мохамад Џавад Зариф: САД сакаат да го натераат Иран да се откаже од нуклеарниот договор
Иран реагира спокојно на наметнатите, оваа недела, санкции од САД и најави дека нема да се повлече од нуклеарниот договор кој го постигна со светските сили пред две години, јави ДПА.
Американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да го испровоцира Техеран да се откаже од договорот, смета иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф. - Нема да му дадеме на Трамп таков подарок, рече Зариф, цитиран од локален весник.
САД воведоа во нови санкции како одговор на истрелата од Иран ракета-носител на сателит. САД ја донесе оваа одлука со образложение дека лансирањето на иранската ракета е кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН.
На Иран му е забрането да презема какви и да е дејствија поврзани со балистички ракети, способни да носат нуклеарно оружје.
Ново на Сител
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор