Могерини: Земјите од Западен Балкан ќе бидат дел од дебатата за безбедносните планови на ЕУ
Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европска унија, Федерика Могерини денеска во Дубровник изјави дека не се поставува прашањето дали ќе има проширување на ЕУ, туку кога ќе се случи тоа.
- Иднината на ЕУ по излегувањето на Велика Британија нема да биде Унија со 27 земји-членки. Сигурно ќе има нови земји-членки во иднина, Од аспект на ЕУ не се поставува прашањето дали ќе има проширување, туку кога тоа ќе се случи. Имаме посветени партнери посебно во Западен Балкан, посочи Могерини.
Таа додаде и дека земјите од Западен Балкан ќе бидат вклучени во иднинте безбедносни планови на ЕУ.
- Дефинитивно дека земјите-кандидатки ќе бидат вклучени во размислувањата за прашањата поврзани со безбедноста. Сигурно за тоа ќе се разговара со министрите за надворешни работи, посочи Могерини.
Таа потенцира дека ЕУ и Западен Балкан делат иста територија - Европа.
- Не се работи за доведување на Западен Балкан во Европа, бидејќи тие земји веќе се дел од Европа, нагласи Могерини.
Ново на Сител
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор