Свет
5. January 2018 - 8:27

Могерини во Куба ја претстави ЕУ како надежен партнер на земјата

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност во Европската унија, Федерика Могерини во Хавана ја претстави Унијата како надежен партнер на Куба. 

- ЕУ е предвидлив и солиден партнер, што може да и помогне на Куба во нејзината политичка транзиција и бавното и колебливо економско отворање, нагласи Могерини на крајот на дводневната посета во земјата. 

Минатата година ЕУ и Куба потпишаа договор за нормализирање на дипломатските односи по долгиот период на блокада поради европските барања за подобрување на состојбата со човековите права во Куба. 

- Ние сме конзистентни и немаме непредвидливи или ненадајни промени во нашата политика, истакна високата претставничка на ЕУ.

Брисел и Хавана ветија нова ера на билатералните односиврз основа на взамено почитување и заеднички интереси.