Могерини: Улогата на собранискиот спикер треба да е над партиските и етничките интереси

Улогата на собранискиот спикер треба да биде над партиските и меѓуетничките политики и во интерес на сите граѓани и заедници во земјата, истакнала високата претставничка на на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини на вчерашната средба со Талат Џафери во Брисел.
Во соопштението од кабинетот на Могерини се наведува дека го поздравила изборот на Џафери за претседател на Собранието и ја повторила острата осуда на Европска Унија на минатонеделното насилство во законодавниот дом кон пратениците и новинарите.
- Таа го поздрави изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието од страна на парламентарното мнозинство, нагласувајќи дека тоа е улога која треба да биде над партиските и меѓуетничките политики, и да работи во во интерес на сите граѓани и заедници. Европската Унија е подготвена да соработува со него, со Собранието и со сите други институции за спроведување на итните реформски приоритети, како и за имплементацијата на Договорот од Пржино, истакналаа Могерини.
Таа нагласила и дека Европската Унија очекува сите политички партии да се ангажираат конструктивно во политичкиот процес, вклучувајќи го и формирањето влада, како и во работата на новото Собрание.
Ново на Сител
-

Откажан протестот на вработените во УЈП - добиле допис за дисциплински постапки
-

Договор за автопатот Скопје-Блаце
-

Нема кој да казнува за непочитување на Законот за употреба на македонскиот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Измените на Изборниот законик остануваат блокирани во Собранието
-

Ново судење за Пулс - се читаат пораки од телефонот на газдата на дискотеката, Деко
-

Грант од ЕБОР за изградба на автопатот Скопје-Блаце
-

Неопходна е поголема државна поддршка за спас на земјоделството од климатските промени
