Могерини: Треба да се избегне тензија во односите меѓу Русија и Турција

Потребно е да се избегне ескалирање на тензиите во односите меѓу Русија и Турција по падот на рускиот бомбардер Су-24 во Сирија, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.
- Разговарав со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и потребно е да се избегне ескалација меѓу Турција и Русија, нагласи Могерини.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека авионот е соборен од ракета воздух-воздух истрелана од турски авион-ловец Ф-16. Според него, авионот во моментот на нападот се наоѓал на височина од 6.000 метри и бил на еден километар од турската граница.
Тој го оцени инцидентот како „забоден нож во грбот на Русија од страна на соучесници на терористите“. Путин истакна дека нападот ќе има сериозни последици врз односите меѓу двете земји.
Турскиот Генералштаб, пак, од своја страна тврди дека рускиот авион го нарушил воздушното пространство на земјата и во рамки на правилата два турски авиона Ф-16 одговориле соодветно.
Ново на Сител
-

МНРиНТ: Македонските државјани во подрачјата зафатени од грчките пожари да ни се обратат ако им треба помош
-

ЦУК: Активни шест пожари на отворен простор, три се под контрола и 31 изгаснати
-

САД ја преиспитуваат нуклеарната стратегија, фокус на одвраќањето и стабилноста
-

Почнува Богородичниот пост
-

Скот Бесант: САД ќе спроведат „невидени“ мерки против Иран
-

Делови од мотор го скршиле стаклото на авионот на „Рајанер“ во инцидентот кога беше повреден патник од Србија
-

Голем пожар крај Омиш: 36 лица повредени, 7 во животна опасност
-

Облачно со сончеви периоди, на места услови за краткотрајно невреме
