Могерини: Северна Македонија и Албанија во јуни треба да ги почнат преговорите со ЕУ
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини очекува Северна Македонија и Албанија во јуни да ги почнат преговорите за членство во Унијата.
Во обраќањето пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Могерини посочи дека би била голема стратешка грешка и пример за „кратковидност“ на ЕУ доколку не донесе одлука за покренување на пристапни преговори со Скопје и Тирана во јуни.
Политиката на проширување на ЕУ, според неа, е една од успешните приказни за време на нејзиниот петгодишен мандат и мандатот на актуелниот состав на ЕП.
– Кога ќе ја погледнете мапата на Европа, гледате дека Балканот е дел од неа. Поради оваа причина, наместо терминот проширување, јас лично сакам да разговарам повеќе за повторно обединување на Балканот со Европа, рече Могерини.
Таа како успешен пример на европската политика кон Балканот го наведе Договорот помеѓу Скопје и Атина.
– Нашата политика кон Балканот е успешна приказна која имаше тежок почеток и пат од неочекуваното до воспоставување на доверба и заеднички предизвици, истакна Могерини.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци