Могерини: Се надевам дека договорот ќе биде инспирација за многумина во регионот

Ова е историски ден за двете земји, но и за Европската унија и за Балканот, порача високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини по пристигнувањето во Отешево.
- Многумина беа скептични за договорот, а двајцата премиери и министри за надворешни работи беа истрајни за да го постигнат. Двете страни не направија горди, нас, европејците со вин-вин солицијата што ја потпишаа. Се надевам дека ова ќе биде инспирација за многумина во регионот да преземат храбри чекори, како и за цела Европа. Овој договор им покажа на Европа и светот дека секој проблем може да се реши со дијалог и лидерство, изјави Могерини.
Најави дека ЕУ ќе ја следи имплементацијата на договорот, бидејќи, како што кажа, тој не е значаен само за двете земји, туку и за Европа и светот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
