Могерини: Истражете ги нападите врз новинарите

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска побара на новинарите да им се обезбеди да ја извршуваат својата работа без страв, а оние кои вршат напади врз нив да бидат изведени пред лицето на правдата.
- Нападите врз новинари не се само напади врз жртви, туку врз слободата на изразувањето и слободата на медиумите, порача Могерини по повод Меѓународниот ден за укинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите.
Истражувањата покажуваат дека помалку од десет отсто од нападите врз новинари ширум светот стигнуваат пред суд, а процентот на осудените сторители е уште помал, поради што 2 ноември е прогласен за ден за укинување на таа пракса.
- ЕУ очекува од државните власти целосно да ги почитуваат своите меѓународни обврски ефикасно, брзо и независно да ги истражат злосторствата против новинарите и да обезбедат сторителите да се изведат пред лицето на правдата, без оглед на дали зад нив стојат државни органи или поединци, рече Могерини.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, порачувајќи дека „медиумите се огледало на нашето општество”, потпретседателката на Европската комисија, исто така посочи дека „ако медиумите се слободни и критички и сите ние сме слободни и безбедни”.
- И покрај тоа, додека ние го одбележуваме Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторства против новинари, новинарите во многу земји во светот се соочуваат со зголемување на нивото на заплашување и насилство.
Токму по повод овој ден, Европската комисија в среда во Брисел ќе организира „Трета Спик-ап конференција” за слободата на медиумите на Западниот Балкан и во Турција, каде ќе бдиат повикани политичари, новинари и медиумски рбаотници од земјите од Балканот, меѓу кои и од Македонија, за да говорат со и пред еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан за состојбата на медиумите на овие простори.
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
