Могерини: Целосна имплементација на договорот за правосудство на 17 октомври
Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европска унија Федерика Могерини наведе, дека на денешниот состанок во Брисел српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи се согласиле договорот за правосудство, што беше постигнат во рамките на бриселскиот дијалог, целосно да биде применет на 17 октомври.
- На тој ден, судиите, обвинителите и судскиот персонал ќе бидат интегрирани во косовскиот правосуден систем. Со тоа ќе се овозможи примена на правата во Косово и посебно во регионот (Косовска) Митровица, објасни Могерини.
Вучиќ и Тачи ја истакнаа посветеноста на почетокот на работата на новата фаза на дијалогот меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите и помирување, за што се договорија на состанокот што беше одржан на три јули, а работата во однос на тоа ќе се продолжи во текот на наредните недели, се посочува во соопштението што беше објавено на сајтот на Службата на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност.
- Двете страни денеска ги договорија крајните чекори за имплементација на договорот за правосудство на Белград и Приштина, се наведува во соопштението.
Високата претставничка за надворешна политика и безбедност нагласи дека таа и Европската унија се целосно посветени на европската перспектива на Србија и Косово, како и на целиот регион.
Могерини денеска беше домаќин на неформалниот состанок во Брисел, каде присуствуваа претседателите на Србија и на Косово, Вучиќ и Тачи.
На средбата, беше дискутирано за идните односи меѓу Србија и Косово.
Ново на Сител
-
„Македонија во чест на Свети Кирил“ - Претседателката се сретна со Папата
-
Македонците се условени да прифатат диктат откажувајќи се од самите себе, вели историчарот Панов
-
Преговорите за Влада во напредна фаза се уште нема конечен договор за Министерствата
-
Македонија во фокусот на грчката јавност
-
Продолжува хаосот на хирургија - 6ти ден не работат операционите сали
-
57 вработени на Токсикологија бараат одговорност од организациската директорка Бесија Иљази
-
Импровизираниот луна парк се уште не се демонтира - На потег УЈП и ДПИ
-
Судот му го одзема пасошот на обвинителот Иџет Мемети, тој негира дека е вмешан во случајот со мито