„Моето име е Лука“ - придонес кон Лукаманијата
Словенечката НБА ѕвезда во редовите на Далас Маверикс Лука Дончиќ продолжува да ги освојува кошаркарските фанови со она што го прави на и надвор од терените.
Минатогодинешниот „дебитант на годината“ полека станува светска сензација, а сега за него е направена и песната „Моето име е Лука“ (My name is Luka) , која набрзо по објавувањето пред една седмица, стана вирален хит.
Словенечкиот актер, музичар и комичар Клемен Слокоња направи видео во кое се опишува неговиот пат од љубљанска Олимпија, преку Реал Мадрид до Далас Маверикс.
Во видетото се спомнува фризерницата на баба му, неговата мајка, потоа има референци на неговиот сограч Порзингас како и за Дирк Новицки.
Видеото го пофали и сопственикот на Далас Маверикс, Марк Кјубан, кое веднаш го репостираше.
Неколку дена по хит видеото, Слакоња објави уште едно, за тоа како е направен спотот.
Ново на Сител
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот