МОБ ја продлабочува соработката со Националниот театар во Сараево

Македонската опера и балет ќе ја продлабочува соработката со Националниот театар во Сараево за што в.д. директорот на МОБ Ќазим Асотиќ разговарал со директорката на сараевскиот театар Маријела Хашимбеговиќ за време на работната посета на Сараево.
Од МОБ соопштија дека Националниот театар од Сараево ќе гостува на годинашните Мајски оперски вечери и дека во таа пригода во Скопје ќе биде потпишан меморандум за соработка помеѓу двете национални установи.
Покрај со Хашимбеговиќ, Асотиќ имал средба и со уметничкиот директор на Операта Аида Чорбаџиќ и со директорот на Филхармонијата во Сараево Самир Локванчиќ.
В.д. директорот на МОБ, исто така, имал средба и со заменик градоначалникот на Сараево Ивица Шариќ, кој е оперски солист (бас) и неколкупати гостувал на сцената на Македонската опера и балет и на фестивалот „Охридско лето“. На средбата се разговарало за продлабочување на соработката помеѓу двата града во областа на културата.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

По повеќе од една година во бегство, Перпарим Бајрами сам се предаде на полицијата
-

Во Собранието конференција на тема „Регионална соработка за интеграција во ЕУ“
-

Дејвид Гета го наполни Градскиот стадион во Скопје, илјадници граѓани уживаа во неговите најголеми хитови
-

Отворено 34-то издание на фестивалот „Ристо Шишков“
-

Преглед на вестите од светот
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
