МНР: Нашите граѓани и дипломатскиот персонал во Казахстан се безбедни
Министерството за надворешни работи соопшти дека редовно ја следи состојбата во Казахстан и дека преку Амбасадата во Нур – Султан е во постојана комуникација со нашите државјани кои се наоѓаат во земјата.
-И покрај честиот прекин на интернет и телекомуникациските мрежи, сепак се остварува редовен контакт со нашите државјани, кои се наоѓаат на безбедни локации. Засега само двајца наши државјани се обратиле до Амбасадата поради ситни потреби на чие барање е веднаш одговорено, но, ниту еден од спомнатите не се наоѓа во загрозена состојба, информира МНР.
Според МНР, остануваат во сила препораките упатени до граѓаните на Северна Македонија да не патуваат во Казахстан, а оние кои во моментот се наоѓаат во земјата да не ги напуштаат објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации поради влошената безбедносна состојба.
-Дополнително, информираме дека дипломатскиот персонал во нашата Амбасада во Нур-Султан не е загрозен и дека без прекин ги извршува работните задачи. Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи случувањата во Казахстан и ќе излезе со дополнителни препораки за нашите државјани, доколку за тоа се јави потреба, истакнува МНР.
Ново на Сител
-

Утре нов протест за дислокација на Усје, од цементарницата тврдат дека работат според Закон
-

Матичните гинеколози бараат од МЗ и ФЗО јасно дефинирање на услугите за пациентките кои ги покрива државата
-

Кратењето на буџетот за ретки болести може да го загрози животот на пациентите
-

Преглед на вестите од светот
-

Трендафилов: Нека се подготват за блокади идната недела
-

Околу 80 талентирани ученици од Струмица ќе бидат стипендирани во наредните девет месеци
-

Брана „Калиманци“ речиси полна, „Гратче“ на прелив
-

Преглед на вестите од светот
