МНР на Србија: Соопштението од Црна Гора ја потврдува тезата за хибридна војна против Србија

Министерството за надворешни работи на Србија доцна синоќа соопшти дека го примило соопштението на МНР на Црна Гора и оцениле дека тоа претставува „потврда за хибридната природа на постапките на одредени кругови во Црна Гора кон политичкиот живот на Србија“.
„Наместо вакви груби и во суштина неиспровоцирани најави и јавни навреди и обиди за замолчување, јасно насочени кон идејата за прекумерно влијание врз политичкиот живот на Србија, веруваме дека би било покорисно за односите на двете соседни држави да се решат сите прашања преку институционален дијалог и дипломатски канали“, се наведува во соопштението на српското МНР.
„Србија нема претензии кон Црна Гора, која мнозинството граѓани на нашата земја ја почитуваат и ја сакаат, ниту ја доведува во прашање нејзината државност, но Србија и нејзините претставници имаат целосно право да посочуваат феномени што ги нарушуваат добрососедските односи, вклучително и континуираното создавање атмосфера во која Србија се претставува како проблем, а почесто како удобен изговор за внатрешнополитички неуспеси“.
„Наместо да се обидуваме да омаловажуваме и да замолчуваме, би било покорисно заеднички да се решаваат прашања што се од вистински интерес за граѓаните на двете земји – економска соработка, инфраструктурно поврзување, слобода на движење на луѓето и зајакнување на меѓусебната доверба. Србија, како и досега, ќе води одговорна и сериозна политика кон Црна Гора, очекувајќи дека истите принципи на ценење и почитување ќе се применуваат кон Србија“, се заклучува во соопштението.
МНР на Црна Гора вчера ги отфрли тврдењата на Александар Вучиќ дека Црна Гора води хибридна војна против Србија и дека од неа доаѓа поддршката за обоената револуција, како што српските власти ги нарекуваат студентските протести.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
-

Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
-

Власта се уште без одговор од опозицијата за Изборниот законик
-

Функционери од ВЛЕН задржани на границата со Албанија, се бара објаснување од Тирана
-

Нема веќе организирање подарувања без дозвола и надомест од 100 евра
