Мнозинството Германци веруваат дека нивната земја е безбедна
Мнозинството Германци веруваат дека Германија е безбедна земја и покрај неодамнешниот напад на божиќниот пазар во Берлин, кога беа убиени 12 лица, покажаа резултатите од најновата анкета.
Според неа, 73 отсто од граѓаните навеле дека се чувствуваат сигурно во Германија, додека 26 проценти изјавиле дека не се чувствуваат безбедно, а еден отсто одбиле да одговорат, пренесуваат американските медиуми.
Дека безбедно се чувствуваат навеле и припадниците на сите партии, освен членовите на Алтернатива за Германија, од кои 66 отсто кажале дека стравуваат за својата сигурност.
Резултатите од одвоената анкета покажаа и дека поддршката за коалицијата предводена од германскиот канцелар Ангела Меркел, и покрај нападот на божиќниот пазар, е нарасната за околу два отсто, пренесуваат британските медиуми.
На 15 отсто е нарасната и поддршката за Алтернатива за Германија, додека поддршката за малциснкиот партнер во Владата на Меркел - Социјалдемократската партија е опадната на 20 проценти.
Ново на Сител
-
Пендаровски се откажа од државна пензија
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот