ММЕ: Нема потреба од менување на законот за медумската сфера

Македонската медиумска асоцијација-ММА која ги претставува петте национални телевизии смета дека нема потреба од менување на постоечкиот закон од медиумската сфера кој е со европско знаменце и е донесен пред 20-тина месеци.
Она што треба да се направи според ММА е да се инкорпорираат во постоечкиот закон нивните предлози кои, пред се, се однесуваат на намалување на казните и на регулирањето на авторските права кај кабелските оператори.
- Од името на петте национални телевизии сметаме дека овој закон е сосема доволен со инкорпорирање на нашите барања кои пред се се однесуваат на намалувањето на драконски високи казни и регулирањето на авторските права кај кабелските оператори, изјави Иван Мирчевски по средбата со премиерот задолжен за спороведување на изборите Емил Димитриев.
Тој додаде дека се подготвени да ги достават нивните предлози до Владата и до сите политички партии.
- Сметаме дека тоа се вистинските измени кои ќе донесат разрешување на накаква нејасна позиција на медиумите, рече Мирчевски.
За петте национални телевизии е прифатлив и изборниот кодекс за однесување за време на изборите.
Претходно премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев се сретна со претставници на МАН, а во тек е средбата со претставници на Здружението на новинари на Македонија - ЗНМ.
Ново на Сител
-

Прес-конференција на министерот Муцунски за евакуацијата на македонските државјани
-

Евакуирани 150 патници од Дубаи, до крајот на неделата уште три авиони од Блискиот Исток
-

Синот на Али Хамнеи - Моџтаба, избран за нов врховен лидер на Иран
-

СДСМ: Mицкоски ги лаже граѓаните
-

Депонијата Буково го вклучи алармот
-

150 македонски државјани се вратија од Дубаи
-

Тема на денот со Назим Рашиди, новинар
-

„Нема да не снема“: Осмомартовски марш против насилството врз жените
