Македонија
12. February 2019 - 10:48

Младо момче излета од пат, со тешки повреди пренесено на Клинички во Скопје

Во 11.50 часот на патот село Големо Радобил - Прилеп, 24-годишниот Д.Д. од село Големо Радобил, управувајќи мотоцикл „Хонда“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. 

Притоа се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.