Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3

Младите во Македонија го напуштаат родителскиот дом на просечна возраст од 30,7 години, за разлика од младите во ЕУ кои си заминуваат на 26,3 години.
Според податоците на Евростат за 2025 година, најдолго во домот на родителите остануваат младите во Хрватска (31,5 години), Грција и Словачка (и двете по 30,9), како и во Шпанија и Италија (и двете по 30,2). Спротивно на тоа, најрано си заминуваат во Финска (21,4 години), Данска (21,8) и во Естонија и Литванија (и двете по 22,7).
Во нашиот регион, пак, младите во Србија остануваат со родителите до 30,1 година, во Босна и Херцеговина до 29,5, а во Бугарија до 27,9 години.
Евростат забележува дека насекаде низ Европа има тенденција на подолго останување на младите во домовите на родителите, а тоа го поврзува со стапката на нивната вработеност.
Во 2025 година, стапката на вработеност кај младите на возраст од 20 до 29 години во ЕУ изнесувала 65,5%.
Во повеќето земји каде што возраста на која младите го напуштаат родителскиот дом е под просекот на ЕУ, стапката на вработеност за лицата на возраст од 20 до 29 години е над просекот на ЕУ.
На пример, во земјите каде што младите имаат тенденција порано да го напуштаат родителскиот дом, како што се Холандија, Данска, Германија и Шведска, стапката на вработеност кај младите е повисока.
Во земјите каде што младите подоцна го напуштаат родителскиот дом, како што се Грција, Хрватска, Шпанија и Италија, стапката на вработеност беше пониска од просекот на ЕУ.
Во Македонија стапката на вработеност на младите во 2025 година била 50,2%.
МИА
Ново на Сител
-

УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка
-

Руски танкер со 40.000 тони дизел плови кон Њујорк по договорот меѓу Путин и Трамп
-

Зеленски: Моите несогласувања со Трамп не се на лична основа
-

Грчкиот парламент одобри забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 15 години
-

Путин: Преговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа
-

Мајкрософт развива алатка со вештачка интелигенција што може да поставува дијагнози како лекар
-

Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели
-

„Свои на своето!“ - Ден на македонската револуционерна борба
