Македонија
4. September 2023 - 19:46

Младите во Македонија и Бугарија затруени со политика на омраза

Двете општества, македонското и бугарското,  не се познаваат доволно и тешко комуницираат мегу себе, велат невладините. Посочуваат дека тоа е највидливо во социјалните медиуми каде преовладуваат дискусии оптоварени со негативни стереотипи и заблуди за другата нација.

Мост за поврзување тие гледаат меѓу младите бидејќи тие не се толку затруени со исторски и политички теми, но актуелниот момент сепак го направи своето кај македонската младина.

За разлика од Македонија, младите во Бугарија се порелаксирани, бидејки не се директно засегнати. Сепак заедничките проекти, кога се на државно ниво, тешко се остваруваат. Договорите за соработка во областа на младите и спортот, никогаш реално не заживеаја, така што остана граѓанскиот сектор како главен канал за комуникација.

Македонските и бугарски невладини се согласуваат дека младите во регионот ги мачат истите проблеми, а токму затоа е потребно пошироко поврзување и соработка мегу нив.