Македонија
6. April 2024 - 19:56

Младите на 18 години, денеска се фотографираа без термин за лични документи

Од 8 до 15 часот денеска, се сликаа 18 годишните граѓани на Македонија кои немаат никаков документ. Нивните лични карти или пасоши ќе бидат итно изработени за да можат да гласаат на избори. Во Скопје 100 лица кои се полнолентни немаат ниту лична карта ниту пасош. Дел од нив денеска дојдоа да се фотографираат во полициската станица Пролет.

И покрај предноста која ја добија младите да се сликаат без закажан термин за нови лични документи, сепак денеска во П.С Пролет побројни беа оние кои веќе имаат закажано или за лична карта или за пасош.

За прв пат вадат лична карта- иако некои веќе имале закажано за неколку месеци од сега, сепак решиле да го искористат денот за да добијат побрзо документи. За дел од нив процесот одел непречено, дел пак наишле на проблем.

Целта на МВР беше да им се извадат на овие лица документи пред изборите за да можат да го остварат своето право на глас. Некои беа дојдени да извадат лична карта за гласање, други пак за да си земат документи побрзо.

На територија на Македонија 450 лица кои имаат 18 години, немаат ниту лична карта, ниту пасош.