-->
-->
Младите македонски ракометари започнуваат со евро-квалификациите
-->
Младата македонска репрезентација составена од играчи до 21 година денеска во швајцарскиот град Шафхаузен ќе ги започне квалификациските натпревари за Европското првенство во Данска кое ќе се одржи од 28 јули до 7 август 2016 година.
Избраниците на вд. селекторот Јовиќ на отворањето за противници ќе ја имаат домашната репрезентација на Швајцарија во мечот кој ќе се игра од 19 часот и 30 минути.
Утре (сабота) во терминот од 17 часот Македонија е апсолутен фаворит во дуелот со аутсајдерот во групата репрезентацијата на Фарски Острови, а во последното коло во недела (10 април) од 10 часот и 30 минути жрвено-жолтите ќе играат против Црна Гора.
Според системот на натпреварување, најдобро пласираните две репрезентации од квалификациската група ќе обезбедат учество на Европското Првенство во Данска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада