Loading Video...
Ракомет
4. November 2019 - 16:12

Младите македонски ракометари ги дознаа противниците за ЕХФ шампионатите

Две млади македонски ракометни репрезентации денеска ги дознаа своите противници во новите квалификациски циклуси. На денешната ждрепка одржана во Виена јуниорската и кадетската селкекција на Македонија го дознаа, но и одбраа своите противници
 
Јуниорската репрезентација до 20 години, која летов беше домаќин на Мундијалот во Скопје, ги доби противниците во групата за ЕХФ Шампионатот што ќе се одржи во Летонија (од 03 – 12 јули 2020 година).
 
Тие ќе се натпреваруваат во Б групата против селекциите на Белгија, Белорусија, Бугарија, Луксембург и Косово, преку кои оваа генерација на ракометари може повторно да биде дел од Мундијалот доколку триумфира на првенството, а потоа и ги мине квалификациите. 
 
Во групата А, на ова првенство ќе играат селекциите на: В. Британија, Грузија, Турција, Романија, Летонија
 
Кадетска репрезентација како домаќини на ЕХФ Шампионат (од 13 – 20 август 2020 година), имаше можност да ги одбере своите противници. 
 
Така ракометарите родени од генерацијата 2002-ра ќе играат во А групата против врсниците од Полска, Грција и Естонија, додека во Б групата ќе бидат селекциите на БиХ, Грузија, Швајцарија и Украина
 
Доколку успеат да бидат најдобри на овој турнир, тогај не само што ќе обезбедат настап на јуниорското ЕП за себе, туку ќе им помогнат и на помладите ракометари од генерацијата 2004-та, и тие да играат на ЕП.