-->
-->
Младите македонски фудбалери (У18) ќе одиграат две „контролки„ со Албанија
-->
Македонската репрезентација до 18 години на 23. и 25. април во Албанија на стадионот на ФК Сопот ќе одигра два контролни натпревари против домашната селекција на Албанија до 18 години. Селекторот на македонската репрезентација, Шкумбин Арслани за двете пресметки против албанската селекција ќе смета на следните фудбалери:
Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николовски (Победа)
Одбрана: Али Асани (Вардар), Бесфорт Арифи (Мастрих, Холандија), Бенјамин Далипи (Хрватски Драговољац, Хрватска), Филип Костовски (Њу Старс), Алтрим Јакупи (Шкендија), Александар Ѓурковски (Вардар), Имран Фетаи (Шкендија), Горазд Стојменов (Њу Старс), Спасе Терзиев (Академија Пандев), Анатолиј Петејчук (Вардар);
Среден ред: Димитар Тодоровски (Работнички), Редон Ќамили (Шкендија), Лука Станковски (Работнички), Иван Николов (Академија Пандев), Бехар Фета (Њу Старс), Фитон Адеми (Шкендија), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија), Леонид Игњатов (Вардар), Енис Мусаи (Базел, Швајцарија);
Напад: Методи Максимов (Работнички), Азер Омерагиќ (Вардар), Атом Фазлиу (Вардар);
-Овој е прв наш заеднички собир со фудбалерите од генерацијата до 18 години и се надевам дека ќе се претставиме во добро издание. Сигурен сум дека ќе се потрудиме да одиграме максимално одговорно и дисциплинирано, а целта е да оствариме позитивен резултат на двата натпревари. Значајно за нас е да се увериме во квалитетот на фудбалерите, посебно од домашниот шампионат, а исто така очекуваме и играчите кои ќе добијат шанса да го искористат својот момент, изјави селекторот на македонската репрезентација до 18 години, Шкумбин Арслани.
Натпреварот на 23. април (вторник) започнува во 16:00 часот, а два дена подоцна (четврток) дуелот меѓу Албанија и Македонија е закажан во 13:00 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од понеделник на над 6 илјади службени возила ќе им се ставаат црвени регистрации
-
Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-
Судење за екс директорот на затворот во Шутка, Филип Андов
-
Му пишале казна бидејќи фрлил ѓубре до контејнер, а контејнерот бил преполн со смет
-
Влада: Успешно завршени три од осум арбитражни постапки
-
Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната
-
Влада: ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што го направиле во минатото
-
Само 1.916 пријавени службени возила од 6.500 - институциите не ги пријавиле сите во рокот