-->
-->
Младите македонски фудбалери поразени од Србија
-->
Младата македонска фудбалска репрезентација е поразена од Србија во меч од квалификациите за ЕП 2019 година.
Во меч од седмата квалификациска група, одигран попладнево во Скопје, младите фудбалери на Македонија загубија од Србија со 2:0
Првата шанса во 13.минута ја имаа нашите фудбалери поточно Ѓорѓев кој биеше од 20-тина метри, но неговиот удар го одбрани српскиот голман Радуловиќ
Во 22.минута гостите поведоа со 1-0 со голот на Саша Лукиќ кој ја искористи заспаноста на нашата одбрана.
Петнаесет минути подоцна (37) Андрија Живковиќ со прекрасен гол од далечина и донесе предност на Србија од 2:0, што подоцна се покажа како конечен исход на дуелот.
Во првиот меч од оваа група Русија со 1:0 ја победи Австрија
На табела на првите две позиции со по 7 бодови се Русија и Ерменија, додека Србија сега има 6, а по неа следуваат Австрија и Македонија со по 3 бода, додека последна е селекцијата на ГИБРАЛТАР 0 (5) против која нашите фудбалери ќе играат во вторник (10 октомври)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 60% загуба на вода во водоснабдителниот систем на ЈП „Исар“-Штип
-
Во вооружена престрелка на Пластичарска загина 29 годишен скопјанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Алтернативните форми на туризам се поактуелни на туристичкиот пазар
-
Тема на денот со Павле Воскопулос - „Виножито“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски се поблиску до 2/3 мнозинство во собранието
-
Официјална Атина продолжува да предупредува за непочитување на Преспанскиот договор