Фудбал
9. May 2017 - 19:25

Mладите македонски фудбалери ја совладаа Бугарија

 
 
 Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години, забележа победа над соодветната селекција на Бугарија.
 
Во првиот од двата контролни, пријателски натпревари меѓу селекциите на Македонија и Бугарија одигран попладнево на тренинг центарот „Петар Милошевски“ кај ФФМ, младите македонски фудбалери забележаа минимална победа со 1-0.
 
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Јани Атнасов во 14.минута од пенал.
 
Втората средба ќе се игра на истиот терен во четврток (11 мај) со почеток од 11:00 часот