Loading Video...
Ракомет
4. November 2019 - 14:59

Младиот вардаров голман Кизиќ ја има најдобрата одбрана на колото ЛШ

За македонските претставници на меѓународната ракометна сцена нема време за одмор. По лигата на шампионите ракометарите на Вардар и Еурофарм Работник ги очекуваат нови дуели во регионалната СЕХА конкуренција
 
Ракометарите на Вардар против Мешков Брест ја остварија четвртата победа во Лигата на шампионите. Еден од најзабележителните ракометари на Вардар беше младиот 18-годишен Марко Кизиќ кој со вкупно четири одбрани го привлече вниманието не само на нашата јавност туку и на ЕХФ кој во изборот на ТОП 5 одбрани на колото, оваа двојна интервенција на македонски репрезентативен голман на рангираше на првото место. 

„Ова беше важен натпревар за нас во кој освоивме значајни бодови. Ова е само еден натпревар, во иднина мора да докажеме дека се уште го имаме истиот квалитет“, изјави Кизиќ.

А, шанса за докажување вардарци ќе имаат веќе вечерва и тоа повторно во „Јане Сандански“ каде во натпреварот од 5.коло во СЕХА лигата ја пречекуваат  Војводина.

„Војводина е екипа која мораме да ја победиме. Играме дома и сме фаворити. Играчите кои го носат товарот цела сезона ќе одморат на овој меч, па ќе остане простор за младите да одиграат и да покажат дека можат повеќе за да обезбедиме уште една победа", вели капитенот Стоилов.

Вечерашниот меч Вардар – Војводина започнува од 20 часот и 15 минути