Младиот хармоникаш Петар Кочовски на светски куп по хармоника во Русија

Младиот хармоникаш Петар Кочовски од Охрид ќе ја претставува Македонија на 69. светски куп по хармоника во Ростов на Дон, Русија, од 11 до 18 септември годинава.
Кочовски ќе настапи во конкуренција на голем број хармоникаши од целиот свет. Тој ќе се претстави со композициите „Капричо“ од Репников, „Соната во F –dur“ од Доменико Скарлати и „Калина Краснаја“ од Семјонов, која е класична композиција со мотиви од руската фолклорна музика.
На овој натпревар се очекува посетеност од околу 100.000 луѓе.
Кочовски ќе биде единствен претставник од Македонија. Тој е ученик во четврта година во Средното музичко училиште во Струга – отсек хармоника, а секоја сабота учи хармоника во Тетово во класата на професорот Коста Тодоровски. Добитник е на бројни признанија во балкански и републички рамки.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
-

Мицкоски: Имам се посилни чувства
-

Тошкоски на средби во Вашингтон
-

Едносменската настава приоритет за МОН
-

Активностите за изградба на регионална депонија течат според планот
-

Струмица се подготвува за литија со иконата на Богородица Брзопослусничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
