-->
-->
Младинскиот репрезентативец Цветковски се врати во МЗТ Скопје
-->

Членот на младинската кошаркарска репрезентација на Македонија, Андреј Цветковски (19 год, 190 см), денеска потпиша двегодишен договор со МЗТ Скопје Аеродром и ќе биде дел од екипата која сезонава покрај двете домашни натпреварување, ќе настапи и во престижниот Еврокуп и секогаш силната АБА-лига.
Цветковски од почетокот на подготовките на шампионот напорно тренира со останатите првотимци и од него се очекува да биде од помош на бековските позиции, со оглед на големиот број натпревари кои ги очекуваат избраниците на тренерот Емил Рајковиќ. Ова воедно претставува негово враќање во „Јане Сандански“, каде што настапуваше во најголем дел од досегашната кариера во младинските категории. Минатата сезона тој беше дел од тимот на Работнички.
Талентираниот бек на неодамнешното младинско ЕП-дивизија Б во Грција настапи на седум натпревари на кои имаше просек од 9,1 поен и 2,9 скокови. Претходно тој беше дел од кадетската и јуниорската репрезентација на Македонија, со вкупен настап на пет континентални собири од Б-дивизијата во периодот од 2012 до 2016 година.
Претходно, договорни обврски со МЗТ Скопје потпишаа Американците Џош Скот, Џеремаја Мејси и Ксавиер Темс, Холанѓанецот Шарлон Клоф, Србите Ѓорѓе Дреновац и Урош Лучиќ, Хрватот Јуре Лалиќ како и членот на најдобрата македонска селекција, Марко Симоновски. Под договор се уште и неговиот колеги од националниот тим, Љубомир Младеновски и Адем Мекиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нафтата денес на светските пазари достигна највисока цена во последните пет месеци
-

Денеска се одбележува Денот на ОН
-

Приведен српски државјанин, управувал возило со брзина од 166км/ч на местот каде брзината е ограничена на 80км/ч
-

Приведен албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено
-

Масовни протести во Франција - Затворени музеи и институции, распоредени 70.000 полицајци
-

УЈП проверува приливи од странство за 2021 година, испратени персонализирани известувања до граѓаните
-

Тројца возачи од Формула 1 добија казни за стартните позиции пред Големата награда на САД
-

Трамп вели дека САД може да извршат „уште една мала воена акција“ против Иран, потоа се справува со Куба
