-->
-->
Млада кумановка тешко повредена во сообраќајка, четворица задржани во болница
-->

Вчера околу 21.50 часот во Куманово на раскрсницата од бул.„Трета Македонска ударна бригада“ и бул.„Октомвриска Револуција“, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Ровер“ управувано од А.Ј.(18) од Куманово и патничко моторно возило „Шкода Октавија“ управувано од М.С.(24) од Куманово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во ПМВ„Ровер“ С.С.(19) од Куманово, на која и била укажана лекарска помош во МЦ-Куманово, по што била препратена во Ургентниот Центар-Скопје, додека А.Ј, М.С. и сопатниците во патничко моторно возило „Шкода Октавија“ А.Д.(28) и М.Т.(25), сите од Куманово, по укажаната лекарска помош во Медицински центар-Куманово се задржани на лекување.
Увид на лице место извршила екипа од кумановска полиција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ангелов: Изби пожар во борова шума над филтер станицата во Штип, на терен интервенираат пожарникари и доброволци
-

Мицкоски: Со трговците ќе разговараме директно, без естрада, за зголемените маржи
-

Нова метода за прецизна дијагностика на срцеви заболувања - првпат извршена во Македонија
-

Кривична против 74-годишен маж кој нападна 10-годишно девојче во Центар
-

Приведен скопјанец по кражба на паричник од 72-годишна жена
-

Лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести
-

Мицкоски: По две години успеваме да го консолидираме и земјоделството каде што наследивме катастрофа
-

Путин му го честиташе на Трамп Денот на независноста
