Македонија
10. July 2017 - 13:07

Млада гостиварчанка (17) предизвика пожар во затворот во Шутка зошто не и дозволиле посета

Вчера, околу 18,30 часот, во Казнено поправна установа „Затвор Скопје“, 17 годишно лице од Гостивар, по претходна вербална расправија со вработените во затворот, (бидејќи не и било дозволено да влезе во кругот на затворот на посета), со запалива течност ја испрскала внатрешноста од оградата на затворот и предизвикала пожар.
 
Од пожарот оштетен е еден прозор од пријавницата на затворот.
 
Истата е приведена во Полициска станица Чаир и по обавениот разговор е ослободена.