Македонија
6. October 2023 - 17:36

Млад скопјанец приведен за тешки кражби

На 05.10.2023 во 18:15 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Е.И.(21) од Шуто Оризари – Скопје.

Тој се сомничи дека претходно одзел едно моторно возило и извршил тешка кражба во куќа во Струмица, при што одзел повеќе предмети.

Кај него биле пронајдени возилото и одземените предмети и биле вратени на сопствениците. Е.И. бил задржан во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, изјавија од МВР.