Македонија
10. July 2017 - 13:52

Млад прилепчанец при расправија го турнал пријателот во река

Полицијата од Прилеп поднесе кривична пријава против Д.П.(23) од Прилеп, за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
 
На 21. мај годинава, околу 03,00 часот, во ноќен клуб „Синдикат“, пријавениот и К.Л.(21) од Прилеп, започнале вербална расправија, а откако К.Л. излегол надвор, пријавениот го турнал преку ѕидот од речното корито на градската река, при што истиот се здобил со тешка телесна повреда.